ОНЛАЈН ДОМАН МЕТОД™ КУРС
Учете директно од нашиот извонреден тим и од нашите искусни тренери за програми
Ве фрустрира и исцрпува кога „експертите“ ви велат:
- Вашето дете никогаш нема да оди или зборува.
- Вашето дете никогаш нема да има успех во училиште.
- Вашето дете има низок IQ и не е интелигентно.
- Треба да „чекате и да видите“ дали ќе се подобри состојбата.
- Лековите се единственото решение за проблемот на вашето дете.
Вие сте родител кој прави сè што може за своето дете и одбивате да се откажете. Знаете дека вашето дете заслужува најдобро и дека заслужува шанса да победи.
Вклучува
Вклучува бројни сесии за прашања и одговори во живо
Трае
Финален програм од
Онлајн курс за родители на деца со потешкотии во развојот
Создадено со децении искуство во развојот на детето
Децении искуство во развојот на децата доведоа до тоа да го креираме нашиот онлајн курс „Доман Метод™ Курс: од посебни потреби до здравје“. Овој онлајн курс за родители трае 4 недели, а нашиот тим на тренери ќе соработува со вас за да креирате успешен програм за третман на вашето дете. Тоа вклучува 25 часа предавања, бројни сесии за прашања и одговори во живо со нашите Доман Метод™ стручњаци, и личен програмски тренер од Дoman International кој ќе одговара на сите ваши прашања и ќе ве води низ курсот. На крајот на курсот, ќе имате комплетен Доман Метод™ програм за вашето дете по консултација лице в лице каде вашиот тренер ќе го заврши 6-месечниот план за третман на вашето дете.

Што го прави овој курс посебен?
Онлајн Доман Метод® курс ве води од чувството на безнадежност и изгубеност до чувството на надеж и вера во планот за успех. Десетици илјади семејства на деца со развојни потешкотии ширум светот имале корист од Доман Метод®. Овој онлајн курс се состои од 25 часа предавања презентирани од светски признати стручњаци специјализирани за Доман Метод, од областите на исхрана, физички развој, когнитивен и говорен развој, сензорна интеграција, дишење и здравје. Предавачите го пренесуваат ова знаење на ангажиран, разбирлив и практичен начин за родителите.
Опфатени теми вклучуваат:
- Разбирање на темелите на неуроразвојот и Доман Методата
- Што треба да се направи за моторниот и физичкиот развој на вашето дете и како тоа влијае на неговиот когнитивен развој и развој на говорот
- Програми за сензорна интеграција за лекување на сензорни проблеми кај вашето дете
- Како да ја подобрите комуникацијата со вашето дете
- Програми за когнитивен и говорен развој на вашето дете
- Најдобри препораки за исхрана на вашето дете
- Како правилно да го процените вашето дете и да го следите неговиот напредок
- Како да им помогнете на децата дома
Размислете за Доман Метод™ курсот
Ако вашето дете има некоја од следните дијагнози:
- Автизам
- Задоцнување во развојот
- PDD/NOS
- Задоцнување во говорот
- Тешкотии во учењето
- Епилепсија
- Даунов синдром
- Трисомија 21
- Церебрална парализа
- Повреда на мозокот
- ADD / ADHD
- Други генетски аномалии

Нашиот тим има повеќе децениски искуство во непосредна работа со деца и нивните родители. За ова време виделе сме скоро секој вид на развојни пречки кои постојат. Познати сме по непоколеблива поддршка на семејствата, постојано барање на одговори и одбивање да се откажеме од било кое дете.
За кого е наменет курсот?
Родители од целиот свет ќе можат да учествуваат на овој курс. Предавачите ќе ги подучуваат родителите со релевантни и практични информации за да можат да станат најдобри терапевти за своите деца. Овој курс ќе биде презентиран на српски јазик. По завршувањето на курсот, ќе имате пристап до нашиот персонал преку мејл и Facebook ако имате дополнителни прашања.
Програма на предавања
Овој онлајн курс вклучува целосна серија предавања, евалуации и прашања и одговори во живо со членовите на нашиот клинички тим. Родителите ќе научат директно од нашиот тим како да создадат интегриран и персонализиран план за домашно третирање на своите деца.
Овој курс вклучува:
25 часа предавања од водечките светски стручњаци за Доман Метод
Личен тренер за Доман Метод за време на целиот курс
Жива видео конференција за сесии со прашања и одговори со стручњаците за Доман Метод
Персонализирана, еден-на-еден сесија за изработка на Доман Метод програмата за Вашето дете
Курсот за родители на деца опфаќа:
Пристап до растечката онлајн заедница на родители кои се како Вас!
Поддршка преку е-пошта од Вашиот програмски тренер за време на курсот
Исполнување услови за личен термин со Доман Интернешнл и за сите идни курсеви

ШТО РОДИТЕЛИТЕ КАЖУ?
Можност за стипендија
При аплицирање за онлајн курсот, конкурирате за стипендија обезбедена од Doman International со помош на спонзори, која покрива до $200 од цената на курсот. Информирајте се за стипендијата од нашиот претставник.
Ќе работиме рамо до рамо со вас за да најдеме решенија што му се потребни на вашето дете и ќе ве поддржиме на секој чекор.
Бесплатен Доман вебинар
Искористете ја приликата да целосно бесплатно дојдете до нови сознанија кои Доман Интернешнл ги собира повеќе од пола век. Сè што треба да направите е да ни ја оставите вашата е-пошта на која ќе ви испратиме линк преку кој ќе можете да го изгледате вебинарот.







